Во Будимпешта моменталн на сила е заштита за црните мачки. Имено, едено унгарско засолниште за напуштени животни ја презело врз себе обврската за Ноќта на вештерките да ги држи црните мачки подалеку од сатанистите. Претставничката на засолништето, Кинга Шнајдер, рекла дека за жал црните мачки се на цена меѓу сатанистите кои ги користат во своите сеанси и ритуали за Ноќта на вештерките.

Таа навела дека нејзината организација секоја година кој крајот на октомври добива по неколку телефонски повици од лица кои се заинтересирани да посвојат црна мачка. Објаснила дека тие им одговараат на тој начин што им вела дека не даваат ниту една мачка од средината на октомври до средината на ноември. Додала дека повеќето од нив повеќе никогаш не се јавуваат.