Црни кеси ги покрија знаците во Охрид
Новиот режим на сообраќај во Охрид на сила официјално стапува утре. Со него се предвидува посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, одредени сообраќајници стануваат еднонасочни, а во стариот град во периодот од 20 до 05 часот се воведува забрана за сообраќај.
Не е јасно дали црните најлонски кеси на сообраќајните знаци се некакво времено решение и дали тие ќе бидат отстранети. Вообичаена пракса е знаците кои веќе не важат да се демонтираат или да се заменат со други, но охриѓани на оригинален начин ги ставија вон употреба, покривајќи ги со црни кеси.
фото: Мирко Постоловски