Селекцијата на Црна Гора тримфираше на премиерното издание на кошаркарскиот турнир – „Трофеј Македонија”. Во финалниот натпревар од третото коло Црногорските кошаркари со 84-81 ја совладаа македонската селекција.

МВП на турнирот или најкорисен играч прогласен беше репрезентативецот на Црна Гора – Милорад Пековиќ.

Треттото место го освои селекцијата на Турција, која по продолжение ја победи Романија со 89:85.

М.П.