Селекторот на Црна Гора Зоран Филиповиќ повика 19-мина фудбалери, меѓу кои и најголемите свезди Вучиниќ, Јоветиќ и Вукчевиќ, за пријателскиот натпревар со Македонија, кој ќе се одигра в среда во Подгорица. Само двајца од нив се од домашното првенство, а капитенот на Спартак Налчик Миодраг Џудовиќ е единствениот дебитант.

– Играме против репрезентација која не е толку атрактивна, но е опасна, цврста и агресивна. Македонците можат секого да победат, а не е лесно да се победат. Познавајќи го карактерот на нивниот селектор Сречко Катанец, знам дека ќе играат како ова да е квалификациски меч, така што, во некоја рака, нема да се игра пријателски, туку вистински дуел со натпреварувачко значење – изјави Филиповиќ за црногорските медиуми.

Комплетен список:

Голмани:
Полексиќ (Дебрецен), М. Божовиќ (Партизан).

Одбрана:
Павиќевиќ (Котбус), Џудовиќ (Спартак Налчик), Огњановиќ (Лоѓ), Јовановиќ (Универзитатеа), Пејовиќ (Могрен), В. Божовиќ (Рапид Букурешт), Зверотиќ (Луцерн).

Среден ред:
Новаковиќ (Амкар), Пековиќ (Мајнц), Бошковиќ (Рапид Виена), Дринчиќ (Амкар), Вукчевиќ (Спортинг).

Напад:
Вучиниќ (Рома), Јоветиќ (Фиорентина), Вујовиќ (Могрен), Ќетковиќ (Ханза), Ѓаловиќ (Рапид Букурешт).

ohridnews