Жителот на црногорскиот град Котор, Горан Ленац, вчеравечер околу 19:30 часот е ранет во престрелка во својот роден град. Црногорските медиуми јавуваат дека Ленац е погоден во глава додека тренирал на стадионот во Котор. Непознат маж, кој полицијата сè уште не го идентификувала, му се доближил на Ленац додека тренирал и му пукал во глава.
Неговата здравствена состојба е критична и лекарите се борат за неговиот живот. Полицијата го блокирала градот и презема интензивни активности за пронаоѓање на напаѓачот. Инаку, Горан Ленац бранел за фудбалскиот клуб од Котор, Бокељ, кој се натпреварува во Втората црногорска лига.
OhridNews
Макфакс