Црногорската православна црква (ЦПЦ) формираше Митрополитски совет.

Ова тело има за цел „да ги поддржи митрополитите и црквата при влезот во узурпираниот црковен имот и преземањето на духовната компетенција на целата црногорска територија“.

Во Митрополитскиот совет, како што пренесуваат медиумите во Подгорица, се и 170 угледни црногорски граѓани.

Црногорската православна црква формираше и пет одбори кои ќе се грижат за материјално – финансиските прашања, односите со јавноста и промоција на црковните интереси.

ЦПЦ е канонски непризната црква, иако црквата е постара од Српската православна црква, со која се во актуелен спор околу епархиската надлежност на територијата на Црна Гора.

Главната пречка за непризнавање на ЦПЦ, е Српската православна црква (СПС).