Црна Гора во средата на состанокот на НАТО во Брисел официјално доби покана за полноправно членство во Алијансата, со едногласна одлука на министрите за надворешни работи на 28-те држави членки.

Информацијата ја објави црногорскиот весник Вијести, додавајќи дека на состанокот присуствуваат и црногорските министри за надворешни работи и евроинтеграции и одбрана, Игор Лукшиќ и Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ.

Црна Гора станува дел на Северноатлантскиот сојуз откако пред 16 години НАТО за време на војната на Косово бомбардираше  цели во Црна Гора, која тогаш беше дел од заедничка држава со Србија.

Русија изрази неодобрување поради интеграцијата на Црна Гора во НАТО и ја овика владата во Подгорица да размисли за недостатоците и предностите од приемот во Алијансата.

OhridNews
Извор:„Макфакс“