Црн снег паднал втор пат за една седмица во Омск, во Сибир, пренеле медиумите. Според прелиминарните податоци, оваа необична атмосферска појава не претставува опасност по здравјето на луѓето.
Анализата на примероците ќе овозможи да биде утврдена причината за оваа појава. Црниот снег најверојатно е последица на присуството на супстанција која потекнува од локалните фабрики. Летото во Омск се појавил бел прав. Анализата покажала дека станува збор за еден катализатор кој го користела локалната фабирка „Гаспормњефт“.