Во водите на Охридското Езеро кај авто-кампот Љубаништа вчера околу 17:30 ч. со параглајдер паднал Љубиша Новачешковиќ (1949) од Р.Србија. Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид  каде од страна на лекар е констатирана смрт. Увид на лице место извршиле истражен судија и екипа од СВР-Охрид.

Во водите на Охридското Езеро вчера се случи уште една несреќа. Околу 16,30 часот во водите на езерото пред хотел „Ројал“ пронајдена е Љубица Несторова (1926) од Охрид. Смртта ја констатирал лекар од МЦ-Охрид и утврдено е дека настапила како последица на давење. Увид на лице место извршиле истражен судија, јавен обвинител  и екипа од СВР-Охрид. По наредба на истражен судијателото на починатата е предадено на семејството за погреб.

ohridnews