Аврил Лавињ и Чад Крогер се венчале пред неколку дена. За својата втора венчавка пејачката избрала црн фустан како и црни рози. Готичка но гламурозна. Таква била венчавката на канадскиот пар рокери Аврил Лавињ и фронтменот на групата „Nickleback“ Чад Крогер. Поп панк пејачката раскажала дека денот на свадбата бил посебен.
Тие се венчале во замок покрај Кан на југот на Франција. Моментално биле на меден месец во Италија, и уживале во сонцето и морето. И Аврил и Чад веќе имале по еден брак зад себе. Аврил била и во сериозна врска со полубратот на Ким Кардашиан, Броди Џенер, но прекинале минатата година кога и ја почнала врската со Чад.