Црн Дрим од Струга го освои првото место во екипна конкуренција на осмата кајак-кану регата Охрид 2009, што денеска се одржа на Охридското Езеро. Второпласирана беше екипата на Радика од Дебар, а третото место го освои Орка од Анкаран Словенија.

Поединечно најуспешна беше Теа Титолич од КК Орка со 3 златни и еден сребрен медал. Од македонските натпреварувачи Пасоска и Трпковска во категоријата К-2 за пионерки  освоија златен медал, додека Евгенија Чакаревска освои две сребра.

Успешен организатор на регатата беше кајак-кану клубот Стрмец од Охрид, кој воедно ја одбележа и 83-та годишнина од формирањето.

Ohridnews