Во првиот обид 115-те кардинали електори не успеаја да го изберат наследникот на Бенедикт XVI.
Од оџаокт на Сикстинската капела вчера вечер излезе црн чад, што значи дека претстои ново гласање. Ова не е никакво изненадување имајќи предвид дека во модерната историја папата не е избран во првиот круг од гласањето.
Според италијанските медиуми, како најголеми фаворите во конклавите
влегуваат миланскиот надбискуп Анџело Скола и бразилскиот кардинал Одило
Педро Шерер, надбискупот на Сао Паоло, најголемата дијецеза во земјата
со најголем број католици светот.
Како фаворити од сенка најмногу се споменуваат канадскиот кардинал Марк Уеле,
префектот на Конгрегацијата за бискупи. Најголеми фаворит на јавноста е
бостонскиот надбискуп Шон Патрик О’Мајли, единствениот франевец капуцин
во целиот кардиналски совет, кој убедливо го освои првото место во
анкетата на читателите на миланскиот дневен весник Corriele della Sera.