Црквата С. Никола која се наоѓа во непосредна близина на Факултетот за туризам и организациони науки во Долна влашка маала, е изградена во далечната 1863 година. Од неодамна таа се реставрира, но и покрај желбите  на црковниот одбор и помагателите, таа нема да биде готова како што беше планирано до денеска кога се одбележува големиот христијанскин празник Св. Никола.


ќе биде готова до на пролет-црквата Св. Никола

Се очекува црквата Св. Никола која се обновува со средства на граѓаните и повеќе фирми од градот да биде готова до на пролет.

Со тековните зафати ослободен е влезот од западната страна каде имаше стара куќа, кој во иднина ќе биде главен влез. Од црковниот одбор се надеваат дека градежните работи ќе продолжат според зацртаната динамика и дека в година православните верници од Долна влашка маала празникот Св. Никола ќе го одбележат во возобновениот храм.

Васко Бујароски