Една доминиканска црква од 15 век во холандскиот град Цволе потполно била реставрирана и претворена во модерна книжара библиотека. Необичниот проект, на основа на кој на 700 квадратни метри никнала огромна, модерна книжара, бил реализиран од архитектонското биро “BK Arhitekten” од Утрехт. И покрај промената на намената, тимот архитекти успеал да го сочува оригиналниот изглед на црквата. Монументалните оргули, фреските и архитектонските карактеристики на црквата, стара 547 години, добиле само друга, поинаква младост.
Архитектите користеле само три бои како не би ја загрозиле оригиналната палета. Трикатната книжара им овозможува на посетителите да разгледаат огромна колекција книги од сите области и да пронајдат нешто за себе. Иако делува гломазно, целата структура може лесно да се расклопи доколку еден ден црквата посака повторно да дочекува верници. Ова не била прва ваква иницијатива. Ширум светот, се поголем број напуштени храмови ги инспирираат архитектите на најоригинални проекти.