По повод големиот христијански празник посветен на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж кај истоимената црква во Лагадин на 30 септември-среда, ќе се одржи традиционален народен собир.

Богослужбата оваа година ќе започне во 14.30 часот.

Црквата во Лагадин пред 9 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Тој  секоја година на овој ден организира заедничка прослава на имендените на сите кои ги носат имињата на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж. Собраните пари од верниците ги донира за помош на болните и изнемоштени лица, цркви и институции на кои помошта им е неопходна.

И годинава Црковниот одбор ги кани сите Софии, Љуби, Вери и Нади на заедничка прослава на именденот во Лагадин.

Ohridnews