По повод празникот Свети маченици Кирик и Јулита денеска во црквата Света Богородица – Болничка во Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, соопшти Дебарско-кичевската епархија.

Богослужбата започнува во 17.00 часот.

Утре, вторник, во истата црква ќе се служи света литургија, по повод празникот Свети маченици Кирик и Јулита, со почеток во 8.30 часот. По завршувањето на литургијата неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ќе изврши водосвет и ќе го прекрши празничниот леб.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на празникот.

Ohridnews