Со оформувањето на оваа хортикултурна целина , Охрид ќе се вброи меѓу неколкуте градови во Македонија кои ја прифатија идејата на ЈП „Македонски шуми“ за засадување на ова украсно дрво, во чест на прерано почината пејачка ѕвезда.
Бројот на засадените цреши симболично ќе го искаже бројот на години што ги имаше Тоше кога загина во сообраќајната несреќа во Хрватска.