Хрватскиот среден бек Лука Циндриќ е најновиот ракометар кој замина од тимот на македонскиот првак Металург.
Циндриќ му се придружи на голманот Коциќ, Липовина, Борозан и Марсениќ кои претходно го напуштија клубот.
Веднаш по официјалното заминување на Циндриќ тргнаа шпекулациите за трансфер во лутиот ривал Вардар.
Што се однесува до Металург, тој се екипира и се фокусира на мечот со Ла Риоха во Лигата на Шампиони.
Ракометниот стручњак Лино Червар на гостување во Шпанија ќе ги поведе сите македонци во екипата вклучувајќи го десното крило Џукиќ.
Мечот „металурзите“ во ЛШ го играат в недела во 17 часот.
Мх.П.