Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ по доаѓањето од репрезентативните обврски им се приклучи на ракометарите од Металург во бунтот, кој го кренаа против управата и тренерот Лино Червар.
– Јас сум во крајно незгодна и незавидна ситуација меѓу два огнови сум. Червар ме донесе тука и јас дојдов поради него, а сега сите играчи се против него. Не сакам да пресудувам бидејќи прекратко сум во клубот да донесувам некои проценки – рече Циндриќ.
Додека играчите имаа состаноци со управата од клубот Циндриќ во Загреб ги чекаше ракометарите за дуелот со истоимената екипа во СЕХА лигата.
– Ден пред заминувањето во Загреб играчите имаа состанок со сопственикот на клубот за неисплатените плати. Од клубот им соопштија дека кој нема да патува за Загреб ќе биде суспендиран, а само јас не бев таму бидејќи ги чекав таму – додаде хрватскиот репрезентативец.
Ракометарите на Металург индивидуално сами покрај кејот на реката Вардар тренираат под палката на поискусните ракометари.
– Чекаме расплет на сета оваа ситуација. Сопственикот е на страната од Червар и никој не знае како ќе заврши новонастаната ситуација – заврши Циндриќ за хрватскиот медиуми.
Мх.П.