Најгласниот аплауз беше за поранешниот претседател на Пелистер, Силјан Мицевски кој во друштво на сопственикот на Металург, Минчо Јорданов , од ВИП ложата го проследи финалнииот натпревар. Името на популарниот “Циле“ беше скандирано во текот на финалниот меч барајќи од него да се врати во клубот и да го врати Пелистер на победничките патеки.
– О
чекуваме наредната сезона да дувнат поволни ветришта за нас и Пелистер да го завземе заслуженото место во македонскиот ракомет – рече Шундовски.
Со Мицевски на чело, Пелистер беше тимот кој се прашуваше и директно го одлучуваше првакот. Тоа добро го знае Мојсоски, кој преку Пелистер ја стекна ракометната афирмација.
– Јас бев тука пет години, ваква атмосфера во Битола недостига, а се знае дека чкембарите знаат да направат добра атмосфера. Се надевам дека со враќањето на Силјан Мицевски , ќе се направи една екипа која ќе биде рамноправна со Металург и Вардар и дека ќе се формира конкурентен Пелистер, кој ќе се замеша во трката за трофеите, Битола тоа го заслужува – истакна Мојсовски.
Фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com