Филмот „Пепелашка“, во режија на Уве Јансон и снимен 2011 година, ќе го отвори  циклусот филмови од германска продукција кои ќе се прикажуваат во чест на јубилејните 200 години од првото објавување на збирката „Бајки за деца“ на браќата Грим.

Кино-проекциите на петте германски филмови снимени според бајките на браќата Грим (Вилхелм и Јакоб) ќе се прикажуваат во  Центарот за култура, во соработка со Кинотека на македонија и се дел од прославата на јубилејот која се случува во повеќе делови од светот.

– На тој начин децата ќе дознаат многу повеќе за госпоѓа Холе, Пепелашка, Снежана, Бременските Музиканти и сите други херои од бајките на браќата Грим, кои се задолжителна лектира за секое дете во светот, а се дел и од светското културно наследство и во списокот на пишувано културно наследство на УНЕСКО. Бајките на браќата Грим се и подлога за безброј филмски адаптации – велат организаторите.

Во рамки на циклусот „Волшебниот свет на браќата Грим“ ќе бидат прикажани филмовите:
„Пепелашка во режија на Уве Јансон и снимен 2011 год. (12.03.2013 – 14.03.2013)
„Масата, магарето и стапот“ на Улрих Кониг од 2008 год. (19.03.2013 – 21.03.2013)
„Госпоѓа Холе“ на режисерот Бодо Фурнајзен од 2008 год. (26.03.2013 – 28.03.2013)
Бременските музиканти“ режиран од Дирк Регел од 2009 г.(02.04.2013 – 04.04.2013)
„Снежана“ на Томас Фројнднер од 2009 год. (09.04.2013 – 11.04.2013)

Сите проекции започнуваат од 19.00 часот, а влезот ќе чини 60 денари.

OhridNews