Природата против чиовекот втор дел. Овојпат во Европа, поточно на север од Балканот во Хрватска. Силни оркански ветришта кои ги донесе циклонот „Ладислав“ предизвикаа излевање на морето и поплави во Далмација, ошттени се пловни објекти, автомобили, патишта, куќи…
Ветрот со јачина од 112 километри на час корне дрвја и носи се пред себе. Најсилен ветрот бил во Сплит каде бил измерен удар од 133 километри на час.
Штетата се уште не е пресметана, но се претпоставува дека најмногу настрадале островите, пренесува хрватскиот портал „index.hr“.
Невремето на места донело врнежи од 100 литри на метар квадратен, и мали торнада кои корнеле стебла и покриви. Поради високото ниво на морето затворени за сообраќај се повеќе приморски сообраќајници. Морето се излило во Задар, Биоград и други места. Полни раце работа имаат и пожарникарите.
извор:„index.hr“