Два дена откако силниот циклон „Деби“ ги погоди и опустоши островите на тропските североисточни делови на Австралија, започна евакуација на илјадници луѓе кои живеат во овој дел од земјата. Десетици илјади луѓе и натаму се без електрична енергија во државата Квинсленд, каде властите издадоа нови предупредувања и повикаа на евакуација поради обилните дождови кои се очекуваат по ударот на силниот циклон.
Циклонот „Деби“ во вторникот ја погоди Австралија загрозувајќи ги туристичките одморалишта, при што ги урна далеководите, ги уништи полињата со шеќерна трска и ги затвори рудниците со јаглен во таа австралиска држава.
Бурата, која сега е со послаб интензитет, од Квинсленд продолжи кон државата Бризбејн, а при тоа и таму предизвика поплави и ја принуди владата да затвори повеќе од 2.000 училишта.
OhridNews