Силен циклон, со налети на ветер и до 260 километри, го погоди денес североисточниот брег на Австралија, корнејќи дрвја и оставајќи десетици илјади домови без струја.
На удар на циклонот „Деби“, кој помина во четврта категорија, прво се најде тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, соопшти Бирото за метеорологија. Најтешко е погодено популарното туристичко место Ерли бич на островот Витсенд, каде што ветерот носеше покриви и корнеше палми. Еден човек е повреден кога се урнал ѕид во градот Просерпин, соопшти полицијата.
Властите предупредуваат дека бурата, која бавно се движи, најверојатно ќе трае неколку часа пред да ослаби. Се очекува невремето да зафати подрачје од повеќе од 300 километри од брегот.
Илјадници луѓе вчера беа евакуирани од пониските подрачја. Денес без струја останаа над 50.000 куќи, а стотина училишта се затворени.
OhridNews
извор Макфакс