Екипи на јавното комунално претпријатије со механизација ги отстранија цевките низ кои поминуваше водата од реката, бидејќи поради покачениот водостој и малиот капацитет тие не може да ја примат надојдената вода. Поради тоа вчера дојде до излевање на Грашница која поплави дворови и куќи во населбата Воска.
Цевките извадени, Грашница ставена под контрола
На одредени критични точки изградени се и насипи, а состојбата денеска полека се нормализира.