Популарната фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ веројатно наскоро ќе му правеше друштво во затвор на Џајиќ и останатите од фудбалската мафија, но беше побрза од раката на правдата и побегна на Кипар.

Цеца, сопственичката на фудбалскиот клуб Обилиќ во кој прку трансфери на играчи „перела“ пари и затајувала данок , во петокот доцна навечер со семејството побегнала на Кипар, јавува српскиот таблоид „Курир“. Цеца на аеродромот дошла заедно со ќерката и сестрата Лидија, а на Кипар ги пречекал Предраг Оцокољиќ, зет на Цеца и фудбалер во еден од локалните клубови.

Цеца требаше да биде следната „жртва“ на пресметката на српската полиција со фудбалската мафија во Србија. Лавината беше покрената откако ТВ станицата Б 92 емитираше низ документарни серии „Инсајдер“ за криминалот во српскиот фудбал. Комплетното раководство на Црвена Ѕвезда на чело со Драган Џајиќ веќе е уапсено заради сомнителните трансфери.
Во „Инсајдер“ поранешниот претседател на Обилиќ, Жарко Николиќ изјавил дека и покрај тешките обвинувања кои ги навел во кривичните пријави против Цеца, таа се до 2003 година од приведување и од судски постапки била заштитувана од членовите на „земунскиот клан“.

Полицијата е блиску до докажување на постоење на дупли договори во случајот со трансферот на Милан Обрадовиќ со московска Локомотива, но и за неколку други играчи кои кариерата од Обилиќ ја продолжиле во Бугарија.

ohridnews