Турбо фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ е една од српските естрадни уметници кои покренаа иницијатива за одржување на голем хуманитарен концерт посветен на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески.

Средствата од хуманитарниот концерт како што е најавено ќе бидат донирани на манастирот кој Тоше го помагаше и градеше во Крушево.

„Што и да направиме сега, малку е и не вреди колку животот на Тоше, но почитта се обидуваме да ја искажеме на достоинствен начин, изјави Цеца за српски „Свет“.

Г.М.