Во пресрет на православниот празник Велигден, вечерва централната воскресна богослужба ќе се оддржи во Свети Климентовиот храм, Св. Пантелејмон на Плаошник во 23 часот.

Со богослужбата, ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско -кичевски г. Тимотеј.

Исто така, по повод празникот богослужби ќе има во сите цркви во охридскиот регион.

ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23 ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник. 04.04.2010 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

ВЕЛИГДЕН
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч.
Вечерна Архиерејска богослужба во црквата „Св. Софија“– Охрид.

Втор ден ВЕЛИГДЕН (ПОНЕДЕЛНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
Архиерејска литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево.
   
Трет ден ВЕЛИГДЕН (ВТОРНИК)
Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“.

OhridNews