Подрачјата погодени од поплавите денеска ги посети пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и членовите на градскиот Совет од оваа партија. Грозданов изрази жалење за настанатата ситуација потенцирајќи дека неговите мотиви за посетатат на поплавените подрачја не се политички.

– Дојдовме да ги видиме граѓаните и да видиме што може да направиме како централна власт да им помогнеме да се санираат штетите од поплавата, рече Грозданов.


Според него локалната самоуправа и градоначалникот се однесуваат индолентно, бидејќи решениетои за опфаќање на Грашница е насоодветно и очигледно не се водело сметка дали тој може да издржи едни вакви големи води. Што ќе се случеше ако врнеше една недела?, запраша пратеникот Грозданов. Тој посочи дека коритата на реката Коселска и Грашница треба да бидат направени по теркот на Кочани или Битола, со што според него ќе се спречат нескани последици.

Грозданов најави дека поплавените подрачја ќе ги посетат владини претставници со цел на населението да му се помогне да го надмине последиците од поплавата.

Ohridnews