НУ Центар за култура  „Григор Прличев”  во соработка со Кинотека на Македонија и Францускиот кино-клуб, продолжува со кино проекции на француски филмови.

На 26-ти, 27-ти, 29-ти и 30-ти Август , со почеток во 20 часот, ќе се прикажува  филмот „Не е тука да биден сакан“ .

„Не сум тука да бидам сакан“ изобилува со свежина, нежност и хумор”, вели филмската критика на популарниот месечен магазин Лезенрокиптибл, потоа „…филмот ви дава толку силно чувство на среќа, што не смеете да се лишите од него“(Телесинеобс), „… синеастот, со особена елеганција и храброст, се осмелува да ни ја прикаже ранливоста на две „едноставни“ души, без да ги глорифицира или потценува.“ (Телерама).

Во филмот од 2005 година главните улоги ги толкуваат Патрик Шене, Ан Консињи, Жорж Вилсон. Филмот е со превод на македонски јазик.

Влез 50 денари.

OhridNews