Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид конечно се реновира. Ќе се реконструира покривот, а ќе се преуредува и внатрешноста на центарот за култура, ни изјави директорката Драгана Боцеска. Според најавите во салите каде се организираат културни настани ќе бидат поставени и клима уреди со што во голема мера ќе се подобрат условите во центарот за култура.

Боцеска изрази надеж дека започнатите градежни работи ќе завршат до 21 јуни, кога во Центарот за култура треба да започне фестивалот на комедијата Охрид 2008.

ohridnews