Живеам во Центар на градот и можам слободно да кажам со какви проблеми се соочуваме. Покрај тоа што се изградија доста нови објекти: згради, куќи, кафулиња… премногу е за критика стилот на градење и поставувањето на истите на неадеквати места. Но за тоа нема сега да го коментирам. Повеќе би сакал да прецизирам на проблемите со паркирањето. Тука можам да кажам дека е полн хаос, точно во Центарот (посебно во време на сезона или празници). Ќе биде и уште поголем хаос откако ќе се населат закупените места на новите објекти. Тоа е така бидејки премногу се гради, а не се мисли за паркинг-места, паркови, тротоари и други дополнителни слободни плости, каде ќе се чувствува секој жител или турист поспокојно.
Сето ова го зборувам за доброто на Охрид, нашиот град и туристички центар.
Филип, 23 г.