Цените на угостителските услуги во септември годинава во споредба со претходниот месец не се промененети, а во споредба со истиот месец лани се намалени за 0,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-септември 2010 година, во споредба со истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3 отсто, а во споредба со декември 2009 година е намален за 0,7 отсто.

OhridNews