Трендот на поевтинување инициран со договорот помеѓу производителите, трговците и Владата ќе продолжи во наредните 4 месеци најави денеска Здружението за трговија при Стопанската комора. Оттаму очекуваат до крајот на неделава да се намалат и цените на путерот, павлаката, кајмакот и кашкавалот за 15 отсто.
Цените на основните прехрамбени производи, лебот, маслото за јадење и млекото освен во поголемите маркети се очекува да поевтинат и во помалите маркети. Иако се најави дека цената на лебот ќе се намали на 20 денари, одредени производители на леб во Охрид сеуште ги задржаа старите цени.
Во обид да го ублажи ценовниот шок државата интервенираше на пазарот со 2.000 тони сурово масло и 20.000 тони пченица. Колку овие мерки во услови на пазарна економија ќе го ублажат ударот врз ионака тенкиот семеен буџет тешко е да се предвиди. Трошоците на живот во последните два месеци нагло пораснаа па така потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство од 11.600 се искачи на 14.900 денари.
ohridnews