Цената на угостителските услуги во јануари годинава во споредба со декември минатата година е зголемен за 0,6 отсто, соопшти, Државниот завод за статистика.

Пораст на цените е забележан во групите „храна“ за 0,3 проценти, „безалкохолни пијалоци“ за 0,8 проценти и „ноќевања“ за 1,5 проценти.

Во споредба со минатата година, цените на угостителските услуги во јануари годинава  поскапеле за 6,7 проценти.

Ohridnews