Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април останаа на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- мај 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.2%.
OhridNews