Бранот поскапувања во земјава засега не го зафатија угостителството. Цените на угостителските услуги минатиот месец останаа на исто ниво како и во јули. Но, споредено со ланскиот август, се намалени за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Статистиката покажува дека во првите осум месеци од годинава цените на угостителските услуги се зголемени за 0,4 проценти споредено со истиот период лани. Во однос на декември минатата година бележат намалување за 0,7 отсто.

Ohridnews