Цените на мало во декември 2008 во однос на претходниот месец забележаа намалување од 0,6 проценти.

Според Државниот завод за статистика, намалувањето на индексот на цените е резултат на намалувањето во групите непрехранбени индустриски производи за 2,1%, индустриско-прехранбени за 0,8% и услуги за 0,2%.

Пораст е забележан кај земјоделските производи за 9,6 проценти, како и кај пијалаците за 0,1 проценти.

Како резултат на  цените на мало, индексот на трошоците за живот во декември 2008 во однос на ноември е повисок за 0,3 проценти.

Ohridnews