Пазарот во Охрид отсекогаш било најскап во државата. “Приматот“ не го дава ниту оваа пролет. Како резултат на зголемената понуда на пазарот, цените на раниот зеленчук во струмичко во почетокот од оваа недела паднаа за 20 проценти. На откупните пунктови најголемо намалување на цените има кај пролетната зелка, која сега се откупува по пет денари за килограм, колку што изнесува и цената на лутите пиперки на парче. Откупната цена на краставиците падна на 20, доматите се продаваат од 60 до 65 денари, зелените пиперки од 70 до 80, а младиот компир по 30 денари за килограм.


цените на пазарот во Охрид солени

За разлика од струмичкиот , цените на охридскиот пазар не бележат пад. Зелката се продава за 20 денари по колограм, краставиците чините од 40 до 50 ден/кг,, доматите околу 100 денари, благите пиперки 130-140 денари, младиот компир 40-50 , морковот 50 денари, а брокулата се продава по цена од 120 денари за килограм.

Ohridnews