Македонија речиси секојдневно се соочува со нови ценовни шокови, а експертите предвидуваат дека ваквиот тренд кој според нив се должи на глобалните случувања во економијата ќе потрае.
По лебот и маслото за јадење чија цена постојано расте, зголемување на цените бележат и млекото и млечните производи, како и голем број други прехрамбени производи. Граѓаните на Охрид велат дека веќе не можат да го следат темпото на поскапување и дека од ден на ден се се’ посиромашни. Цените на пазарот се менуваат од ден на ден, а во продавниците е уште полошо, велат граѓаните.
Опозицијата побара владата да преземе итни мерки за ублажување на ценовниот шок, кој според премиерот Груевски се должи на глобалните трендови. „Зголемувањето на цените е глобален тренд што ја зафати и Македонија. Владата активно работи на изнаоѓање мерки за подобрување на квалитетот на живеењето, истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА на прашањето дали Владата подготвуваа некакви мерки за справување со ценовниот шок.
ohridnews