Хотел во Лидс, Англија, одлучил цената за ноќевање за децата да зависи од нивната тежина, а на тој начин сака да ги поттикне родителите да водат сметка за здравјето на своите потомци.

Родители на дете кое е тешко 32 кг за користење на хотел ќе платат пет фунти, а родителите чии деца имаат повеќе од 60 кг ќе платат двојно повеќе. Оние кои ќе одбијат да го стават детето на вага ќе треба да платат цена за возрасни.


Менаџерите на хотелот Олтон Хол во Лидс велат дека тоа е симпатичен начин да им се помогне на семејствата во борбата против дебелеење која станува се поголем проблем. „Тоа можеби звучи симпатично, но сепак е низок удар“, вели професор Пол Гетли, кој води славен камп за дебели деца.