Нема да има корекција на цената на водата за пиење. Вака одлучи Советот на општина Охрид на шеснаесеттата седница што се одржа денеска. Советниците не ја прифатија одлуката за корекција на цените услугите на МЈП „Проаква“, што произлгува од обврските преземени со меѓународниот договор со кој беше одобрен кредит за изградба на водоводни системи во охридско и струшко.

–  Уште една корекција согласно преземените обврски на општината треба да има, но сега не е вистинско време за тоа, ни изјавија дел од советниците. На иста бранова линија беа повеќето од членовите на Советот, со што цените на  услугите на МЈП „Проаква“ остануваат исти како и досега.

OhridNews