Цените на храната минатиот месец се зголемени на глобално ниво за пет проценти, како резултат на сушата во Русија и големите поплави во Пакистан, кои резултираа со намалување на приносите на пченица и на други житни култури, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Сепак во извештајот се потенцира дека овие цени се речиси за 40 проценти пониски од нивните рекордни нивоа, достигнати за време на глобалната економска криза во 2008 година.

Русија, која е трет најголем извозник на пченица во светот, најави дека оваа година очекува род од 60 до 65 милиони тони пченица, што е значително помалку во однос на 2009 година, кога руските земјоделци ожнеаја 97 милиони тони. ФАО проценува дека овогодишниот принос ќе биде трет по обем во досегашната историја.

OhridNews