Просечната вредност на една акција на АД ЕМО Охрид на македонската берза деновиве достигна 2321 денар, или речиси 800 денари повеќе од таа по која се продаваа акциите на охридската компанија пред последниот ценовен скок на берзата.

Порастот на цената на акциите на ЕМО на берзата се должи на најавената продажба на компанијата, а познавачите на состојбите  очекуваат таа и натаму да расте. Инаку ЕМО ќе се продава како фирма загубар преку берзанска аукација заедно со скопски Охис на 30 март а одлуката за продажба владата  ја објави и  во „Фајненшл тајмс“.

Во ЕМО државата  контролира 41,7% од акционерскиот имот, или 153 илјади акции. Една акција на ЕМО ќе се нуди по почетна цена од 30 евра, но цената на една акција на ЕМО веќе сега ги надмина владините предвидувања. Доколку  има повеќе заинтересирани купувачи, владата најави јавно наддавање.

Г.М.