По апелот што го упати локалната самоуправа и салата „Билјанини извори“, организаторите на Европското првенство во ракомет за жени, ЕХФ и РФМ, ја намалија цената на билетите за натпреварите од Европското првенство што се игра во Охрид.

Наместо 900 денари, колку што беше до сега, цената на блок билет за два натпревари ќе чини само 300 денари, информираат од салата “Билјанини извори“.

Оттаму се надеваат дека со намалувањето на цената на билетите, салата ќе биде повеќе исполнета, онака како што му доликува на еден ракометен град и Европското  првенство.

Ohridnews