Кинескиот фармер Ли Гоулин од селото Јантоу, чека повисока понуда за својот необичен 18- месечен бик со шест нозе. Одбил да го продаде за дури 4.000 евра.


„Сакам уште малку да почекам. Можеби ќе ми понудат нешто повеќе“ – рекол Ли.

Бикот се родил со 2 нозе вишок на грбот. Ли го купил пред една година за нешто помалку од 80 евра. Како што растел, нозете му станувале се повпечатливи. Љубопитни луѓе секојдневно доаѓаат да го видат бикот.