Со цел да се унапредува и развива спортот, како и поттикнат младите повеќе да се бават со него формиран е Центар за едукација и менаџмент во спортот – ЦЕМС.


Како што беше истакнато на собират во Струга, Центарот ќе функционира преку мрежа на координатори во триесет градови во Македонија. Исто така формирани се комисии од 10 до 15 членови за секој спорт кои се составени од реномирани спортски работници.

Избрано е раководството на ЦЕМС, со Бојан Захариев како претседател, инаку дипломиран политиколог и магистер за бебедност. Како негов заменик именувам е дипломиранот економист Владимир Кочовски.  

Своите активности ЦЕМС посебно ќе ги посвети во унапредувањето на спортови како што се фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање, ватерполо, кајак, скијање, карате, џудо, борење, таеквондо, пинг понг, тенис, автомобилизам, велосипедизам и атлетика.

– Од формирањето на Центарот поминаа два месеци, интересот за членување во оваа невладина и непрофитна организација е голем. Тоа ќе овозможи поголема едукација и на сегашните и на идните спортисти и менаџери – истакна координаторот за струшкиот регион, Ѓоце Крстаноски. 

На собирот во Струга, од ЦЕМС информираа дека е воспоставена соработка со соодветните вакви здруженија со земјите од Балканот и пошироко.
 

Мх.П.