Со три победи, едно реми и пет порази охридските ракометари ја завршија првата полусезона во Супер лигата. Со десет бодови сите освоени на домашен терен првата етапа охриѓани ја минаа на седмата позиција.
– Нашата основна цел уште пред почетокот на сезоната беше да обезбедиме опстанок во Супер лигата тоа и ни остана по првата полусезона. Во деветте натпревари кои ги одигравме видовме оти нема слаба екипа и сите сакаати и се борат да опстанат во елитата, а за тоа се потребни добри резултати – истакна тренерот Горан Андоновски.
Охриѓани за втората полусезона се засилија со стружанецот Горан Димитриовски, но од составот поради повреда недостасуваат Крсте Андоновски и Борче Соколов.
Левото крило Андоновски ќе го прескокне мечот со Преспа додека во трка со време ќе биде Соколов, кој има гипс на раката, а нема скршеница.
– Полека се екипираме и секој си го наоѓа местото во екипата. Голема штета како екипа ни се нанесе со повредите на Крсте Андоновски и Борче Соколов, кој се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе ни биде на распологање за в сабота со Преспа во Ресен – потенцираше охридскиот тренер.
Другите ракометари се подготвени за гостувањето во Ресен и најавуваат атак на првите бодови на гостински терен сезонава.
Мх.П.