Седмиот ден од манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца помина во знакот на целовечерниот концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ спонзориран од „Македонија 2025 “.

На концертот на летната сцена во Трпејца настапија: Петар Гогов – кларинет, Јана Гогова – гитара, Никола Гогов- хармоника, Димитар Гаврилоски – виолина, Кристина Љушкоска – флејта, Игор Климоски – хармоника, Габриел Наумоски – виолина, Александар Грунчески – виолина и Филип Гаврилоски – хармоника.  

Учениците кои настапија во Трпејца се добитници на награди на државно и меѓународно ниво.

OhridNews