Познатиот ланец за брза храна „Бургер кинг“, кој минатата година претставил црн хамбургер наречен „куробургер“, сличен трик ќе изведе со црвени специјалитети. Светлоцрвениот хамбургер, кој што ќе може да се купи само во Јапонија, достапен е во две верзии, со телешко или со пилешко месо.

 

Лајбицата и кашкавалот својата силна црвена нијансја ја должат на доматите во прав кои се додаваат, се наведува во соопштението на „Бургер кинг“. Покрај месото и кашкавалот, во сендвичите ќе има и по некое праче кромид како и ароматична чили паста. “Aka Samurai Beef” чини 4,35 долари, а за комбинација со газиран пијалок ќе мора да издвоите 5,15 долари.